Поврзете се со нас

Англија

Ван де Бек: Имам добар живот во Манчестер, заработувам многу пари, но……

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Дони Ван де Бек пристигна на „Олд Трафорд“ како огромно засилување во 2020-та година и се прогнозираше дека ќе биде новиот лидер во средниот ред на „ѓаволите“, но продуктот на младинската школа на Ајакс е само еден од многуте фудбалери кои доживеаја непријатно сценарио на големата сцена.

Поранешниот холандски репрезентативец „изгоре“ во притисокот кој го носи клуб со големина како Манчестер Јунајтед, па неговата ситуација е до толку загрижувачка, што сега како единствен излез изгледа јануарскиот преоден рок.

Ван де Бек е целосно надвор од ротацијата на Ерик Тен Хаг и оваа сезона одигра само две минути во Премиер лигата, а сега самиот најави дека може да побара излезе уште во зимскиот преоден рок.

– Дел сум од легендарен клуб и горд сум што ги бранам боите на Манчестер Јунајтед. Но, полека се ближи моментот кога мора да донесам одлука. Менаџерот носи свои одлуки и им дава предност на други играчи. Морам да почнам брзо со играње фудбал, ако не во Јунајтед, тогаш во некој друг клуб.

– Тоа е мојата амбиција и мислам дека тоа е здраво размислување. Имам добар живот во Манчестер, заработувам многу пари, но парите никогаш не биле моја мотивација. Сакам да уживам во тоа што го правам секој ден. Бев блиску до заминување во Реал Сосиедад минатото лето, но на крајот двата клуба не ги договорија деталите. Ќе видиме што ќе се случи во јануари, – изјави Ван де Бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни