Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк за последниот меч на Клоп во Ливерпул: Се плашам од тој ден

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Јирген Клоп ќе го напушти премиерлигашот Ливерпул по крајот на актуелнава сезона што секако е сериозен удар за клубот од „Енфилд Роуд“.

Германецот создаде една енергија, нова култура во Ливерпул, го врати победничкиот дух и кој и да дојде ќе му биде тешко да го наследи, замени и ги има резултатите што тој ги имаше низ годините.

Секако тимот ќе направи се за да на идеален начин го испрати Клоп на одмор, но дефинитивно ќе има многу емоции и тоа го призна и стоперот Вирџил Ван Дајк.

-Јас сум многу емотивна личност и не сакам збогувања. Исто така ќе биде страшно поради фактот што јас сум капитен и веројатно ќе треба да зборувам малку за тоа. Како што реков, се плашам од тој ден. Ако бидеме успешни, ќе биде малку полесно, -порача Холанѓанецот кој е капитен на „црвените“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни