Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк за одлуката на Клоп: Тешко е да се прифати ваква информација

Објавено

на

Одлуката на Јирген Клоп да се повлече од менаџерската функција во Ливерпул и натаму е најактуелна тема на светската фудбалска сцена, а допрва ќе ја коментираат и фудбалерите на оваа екипа.

Капитенот Вирџил ван Дајк веќе зборувал на оваа тема и признал дека му е тешко да ја прифати информацијата.

– Менаџерот ни значи многу, ми значи мене лично и на сите во клубот.

– Носењето ваква одлука не може да биде лесно, а тој ја донел давајќи си приоритет себеси и на своето семејство.

– Тешко ни е да се носиме со оваа информација, но мора да бидеме професионалци. Сезонава имаме уште многу цели за остварување, па зошто да не ја завршиме сезоната успешно и со ново славје со менаџерот. Ова може да го искористиме и како дополнителна мотивација и можност да му приредиме нови убави моменти на менаџерот пред неговото заминување, – изјавил Ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни