Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк за клучниот момент на дербито: Јас сум виновен, ова боли…

Објавено

на

Ливерпул не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Арсенал, поточно загуби со 3-1 на дербито во Лондон и со тоа апсолутно ги врати „топчиите“ во борбата за пехарот во Премиер лигата.

„Црвените“ имаа доста проблеми на овој дуел со тоа што најголемата грешка беше направена во 67 минута кога голманот Алисон Бекер и дефанзивецот Вирџил Ван Дајк немаа добра комуникација и му овозможија на Габриел Мартинели лесен погодок за 2-1 за да до крајот домаќините дадат уште еден гол за потврда на трите бода.

Стоперот Ван Дајк ја презема одговорноста и посочи дека морал подобро да реагира во таа ситуација.

-Јас преземам целосната одговорност за тоа. Тоа е пресвртен момент во натпреварот. Требаше да бидам подобар, требаше да донесам подобра одлука и тоа боли. Ме боли мене и очигледно остатокот од тимот. Пред тоа бевме толку добри, имавме можности, бевме доминантни.Атмосферата стана малку понервозна.

-Пресвртницата беше моја одговорност. Требаше само да се обидам да расчистам. Донесувам погрешна одлука во дел од секундата и за жал овие работи понекогаш се случуваат во фудбалот. Тоа не помага и боли, овие работи не му се случиле многу пати во мојата кариера, но е тешко и ќе се опоравам од ова бидејќи ќе учам од работите што не одат добро, -порача Холанѓанецот за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни