Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк: Веќе не отпишуваат, ама ова е далеку од завршено

Објавено

на

Тимот на Ливерпул го нема посакуваниот старт во Премиер лигата, па така откако во почетната рунда освои само бод против Фулам (2-2) тоа го направи и на првиот меч на домашен терен против Кристал Палас (1-1).

„Црвените“ на двете средби покажаа одредени недостатоци без разлика на проблемите со повредени играчи, па ќе биде интересно кога и како клубот ќе може да одговори на овој предизвик, оваа ситуација со тоа што новиот тест е битката со вечниот ривал Манчестер Јунајтед.

Ливерпул веќе е на минус четири во однос на Манчестер Сити и Арсенал кои се водечки на табелата, па стоперот Вирџил Ван Дајк е свесен дека ќе мора да се покажат во подобро светло и да ги замолкнат критичарите.

-Одигравме два натпревари и ова е далеку од завршено, кој знае што може да се случи. Минатата сезона покажавме дека сме тим кој не треба да се потцени. Ќе се фокусираме на себе. Ние не пишуваме што мислат другите, никој освен нас не знае што се случува. Работевме многу напорно за да ги освоиме трите бода, но за жал не ги освоивме. Продолжуваме понатаму. Одигравме одлично со десет играчи. Притискавме и ризикувавме затоа што требаше да израмниме, а се надевавме на гол за победа.

-Едноставно не смеевме да се доведеме во ситуација да мораме да играме со десет играчи. Разочарани сме поради ремито. Откако го освоивме Комјунити Шилд, сите пишуваа една работа. Сега по две нерешени, сите го пишуваат токму спротивното. Веќе не отпишуваат, но тоа не е наша работа. Се концентрираме на себе и на она што можеме да влијаеме, а тоа е нашата игра, -заклучи дефанзивецот на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни