Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк „украде“ мобилен телефон од фан на Ливерпул и ја снимаше еуфоричната прослава на голот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул се навикна да постигнува голови длабоко во судиските продолженија во ерата на Јирген Клоп, а дека тимот на Германецот навистина игра до последната секунда се уверивме и на „Сити Граунд“.

Во моментите кога се чинеше дека Нотингем се одбрани од последниот напад на Ливерпул, едно невнимание резултираше со центаршут на МакАлистер, а Дарвин Нуњез беше највисок во скокот и постигна гол за победа во 99-та минута.

Уругваецот овојпат беше херој за „црвените“ и го замени Ван Дајк во улогата кој тој ја имаше на „Вемлби“ пред една недела, но капитенот на Ливерпул се погрижи овој момент да биде овековечен и од друг агол.

Стоперот на Ливерпул „украде“ мобилен од страствен фан на Ливерпул и му го позајми уредот за некој момент, односно долови како тој и соиграчите го прославуваат голот за победа.

Видеото беше објавено од навивачот на Ливерпул на социјалните мрежи, па истото брзо стана крајно популарно и меѓу англиските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни