Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк со „воспитна“ за Нуњез по кошмарното деби на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

Дарвин Нуњез вчера го имаше своето деби на официјален меч на „Енфилд Роуд“, но истото нема да го памети по добро, бидејќи имаше момент на помрачување во второто полувреме.

Најскапото летно засилување на Ливерпул одговори со агресија на провокацијата од противничкиот фудбалер, па го удри со глава Андерсен и го спружи на земја играчот на Кристал Палас.

Уругваецот доби директен црвен картон и сега му се заканува суспензија од неколку натпревари, а тоа е нешто што му носи проблеми на Клоп, но и на останатите играчи од првиот тим кои сезоната не ја почнаа онака како што посакуваа.

Двата кикса со Фулам и Кристал Палас прават Ливерпул да има заостанување од четири бода уште на стартот, па Ван Дајк како еден од највлијателните во тимот, реши да му испрати јавна опомена на Нуњез.

– Во иднина ќе мора да знае да се контролира. Дефинитивно направи грешка. Мора да најде решение да се контролира, треба да знае дека вакви работи и провокации се случуваат, особено во Премиер лигата се доста чести.

– Сега ќе добие поддршка од нас, но знае дека ова веќе не смее да му се повтори и се надевам дека ќе биде така. Разочаран е од самиот себе, но ова треба да му послужи како лекција за учење. Да се надеваме дека нема да му се повтори, – изјави Ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни