Англија
Ван Дајк со нетрпение ја чека битката со Халанд: Ме чека тешко попладне
Вирџил Ван Дајк како капитен ќе го води Ливерпул на неделното дерби против Манчестер Сити, но за очекување е да води жестока битка и со главната опасност во нападот на „граѓаните“.
Ерлинг Халанд постигна три гола на своите шест настапи против Ливерпул и навистина е интересно да се гледа како води борба за еден од најдобрите стопери на денешницата, а во пресрет на пресметката која ќе ја имаат на „Енфилд Роуд“, јасно е дека и двајцата играчи со нетрпение чекаат да излезат на теренот.
Ван Дајк добро се носеше на првиот натпревар кој се одигра оваа сезона и кој заврши со резултат 1:1, но знае дека задутре го чека меч во кој ќе има големи проблеми во одредени ситуации.
– Секако дека е тешко да се игра против Халанд. Тој е роден голгетер, го докажа тоа откако пристигна тука во Англија. Ќе биде тешко попладне за нас, но едвај ја чекам битката со него.
– Во досегашните пресметки, тој ми создаде многу проблеми, но и јас му создадов проблеми. Така функционираат работите во фудбалот, но навистина е престиж да се играат натпревари против таков ривал. Следи многу важен меч за двата тима и секогаш се учи кога играте против најдобрите напаѓачи во светот, – изјави Ван Дајк.
-
Англија15 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Формула 124 часа
Ферстапен директно нападна еден голем ривал во Формула 1: Не можам да го поднесам
-
Италија13 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП15 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Англија14 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Свет14 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Европски првенства4 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП
-
Англија13 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)