Лига на шампиони
Ван Дајк: Секогаш се случува истото против Реал……

Вирџин Ван Дајк имаше шанса во четири наврати да се соочи со Реал Мадрид во изминатите неколку години, но ниту еднаш не ја почувствува сласта на победата.
Напротив, холандскиот стопер претрпе четири порази во дуелите со „кралскиот клуб“ и ниту еднаш не пронајде решение за офанзивните решенија на Шпанците, а така беше и вчера на реванш-осминафиналето кое се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Во својата анализа на елиминацијата, Ван Дајк ги нагласи лошите бројки кои ги има против Реал, заклучувајќи дека станува збор за тим кој секогаш знае што прави на теренот во Лигата на шампионите.
– Првото полувреме кое го одигравме во Мадрид беше прилично изедначено, но секогаш ќе биде тешко да отидете на нивни терен и да направите пресврт. И покрај се, во мислите си велите дека ќе направите нешто. Откако сум јас во Ливерпул, секогаш се случува истото против Реал Мадрид. Секојпат кога играв против нив, сакавме да победиме, но никогаш не победивме.
– Креиравме некои опасни ситуации во првиот дел, но тие имаат квалитет на секој дел од теренот и опасни беа во против нападите преку Бензема и брзиот Винисиус. Штетата беше направена во Ливерпул и тоа е најразочарувачкото нешто од овој двомеч. Игравме против тим кој никогаш не го фаќа паника, дури и во тшеките моменти остануваат мирни, имаат играчи како Модриќ и Бензема кои прават разлика во секој момент, особено кога играат под притисок, – изјави Ван Дајк.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона