Англија
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…

Ливерпул иако создаде доволно шанси не успеа ни по втор пат во оваа сезона да го совлада најпријатното изненадување во Премиер лигата, составот на Нотингем Форест.
„Црвените“ загубија на „Енфилд Роуд“ со 1-0, додека пак на „Сити Граунд“ одиграа 1-1, резултат кој се уште ги остава во добра позиција во шампионатот, лидер со четири бода пред второпласираниот Арсенал, плус натпревар помалку оној со Евертон на „Гудисон Парк“.
Инаку Ливерпул по четврти пат во последните седум лигашки средби испушти бодови, поточно не победи, но капитенот Вирџил Ван Дајк смета дека нема никаков простор за паника.
-Ооо, сега сме во криза? Тоа само потврдува дека Премиер лигата е многу тешка лига каде што играте против противници кои се многу добри. Секогаш ќе биде тешко, исто со Јунајтед на домашен терен со нивниот нов менаџер и планот за игра што тие го покажуваат особено против поголемите тимови.
-Секој натпревар е тежок, мораме да најдеме начин да победиме и мислам дека ако играме како во второто полувреме и продолжиме да се бориме, да продолжиме да се обидуваме, да продолжиме да наоѓаме можности, тогаш многу сум убеден дека ќе постигнеме голови како што досега го правевме во оваа сезона, -истакна Ван Дајк кој даде коментар и податокот дека Ливерпул морал да се враќа од негатива во петте од последите седум натпревари во шампионатот.
-Тоа покажува отпорност, никој не сака да се враќа од негатива, мораме да продолжиме да работиме на тоа и да ги имаме сите во најдобра форма за тоа да го спречиме. Сè што можеме да направиме е да се обидеме да го направиме тоа подобро на следниот натпревар, -подвлече Холанѓанецот.
Наредниот тест за четата на Слот е гостувањето кај Брентфорд во Лондон.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…