Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк се огласи за иднината во Ливерпул и испрати порака за новиот тренер

Објавено

на

Јирген Клоп одлучи да си замине од Ливерпул по крајот на оваа сезона, па со тоа дефинитивно се стави крај на една успешна ера на „црвените“.

Заминувањето на Германецот дефинитивно е удар за премиерлигашот, голема промена со тоа што во јавноста се отворија и други прашања околу иднината на некои значајни играчи кои веќе се влезе во четвртата деценија од животот. Еден од нив е Вирџил Ван Дајк, актуелниот капитен на екипата кој е тука од 2018 година, но има само уште една година од актуелниот договор.

Засега нема најави дека истата ќе биде продолжена, ама стоперот сака да остане и да помогне во новата приказна под водство на менаџерот Арне Слот.

-Имам уште една година од договорот. Јас сум капитен на клубот и јасно кажав дека сум тука за новиот тренер и сум ентузијаст за следната сезона. Очигледно, ќе има многу промени, но уверен сум дека ќе направиме голем успех.

-Секако, му честитав и навистина сум задоволен за него и неговото семејство. Зборувавме за тимот и за иднината, но сега мојот фокус е целосно на репрезентацијата, -порача Ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни