Поврзете се со нас

Светски првенства

Ван Дајк се огласи по падот против Турција: Мислат дека глумам…

Објавено

на

Холандија покажа сила и моќ на пресметката против Турција која ја реализираше со 6-1, победа со која го презема првото место во групата Г од квалификаците за мундијалот во Катар.

„Лалињата“ доминираа, па овој меч можеа и да го завршат без примен погодок, но во судиското продолжение домаќините направија грешка по која Ундер го постави конечниот резултат. При оваа ситуација Халил Дервисоглу го „собра“ Вирџил Ван Дајк по што стоперот продолжи да лежи на теренот и да бара лекарска помош, па многумина помислија дека станува збор за нешто посериозно.

За среќа се е во ред со капитенот на Холандија кој се огласи по дуелот во Амстердам.

-За среќа, се е во ред. Веќе тоа е надминато. Можеби затоа што сум голем, тие мислат дека глумам затоа што кога ќе паднам, тоа оди прилично бавно, -рече Вирџил кој сега може да се фокусира на предизвиците со Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни