Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк по ремито со Јунајтед: Можеше да биде и полошо

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ремито на Ливерпул со Манчестер Јунајтед можеби ги разочара домашните фанови, но „црвените“ остануваат на врвот на табелата со одлична залиха во однос на ривалите, а во последните моменти можеа да останат и со празни раце ако Хари Мегваер ја искористеше големата шанса.

Капитенот Вирџил ван Дајк не го заборавил тој момент и по средбата го коментирал освоениот бод против големиот ривал.

– Треба да бидеме искрени и да кажеме дека можеше да заврши и полошо.

– Тие имаа голема шанса во финишот и можеше да останеме и без она што го имаме сега.

– Разочаран сум од фактот што губиме бодови на домашен терен, но сега не можеме да промениме ништо. Ја губевме топката прелесно во одредени моменти и оставивме премногу слободен простор. Не сме перфектни, учиме од секоја грешка, па така ќе биде и по овој натпревар.

– Не сме го потцениле противникот, се подготвуваме за тежок натпревар, таквите ставови за потценување потекнуваат само од медиумите, – истакнал Ван Дајк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни