Англија
Ван Дајк: Не испуштивме бодови поради судијата…
Ливерпул иако важеше за голем фаворит не успеа да ги освои трите бода во соочувањето со Фулам на кое двапати се враќаше во игра, ама нема сила за комплетен пресврт (2-2).
Проблем за „црвените“ беше фактот дека уште во раната фаза останаа без левиот бек Робертсон кој заработи директен црвен картон по што стана јасно дека ги очекува тешка задача против Фулам кој е добро организирана и незгодна екипа.
На крајот двете екипи додадоа по еден бод на табелата, а дефанзивецот Вирџил Ван Дајк не сакаше вината за резултатот да ја префрли кај судијата Тони Харингтон за чии одлуки имаа реакции.
-Имав разговори со играчите на Фулам и чувствувавме како судијата да е нервозен. Тој не можеше правилно да комуницира со Робертсон, тоа го почувствував. Не можеме да ја префрлиме вината на судијата. Сите зборуваме за заштита на судијата, но јас не можев да зборувам со него. Тоа не треба да биде голема работа бидејќи тој не е причината зошто испуштивме бодови, -истакна Холанѓанецот.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)