Англија
Ван Дајк: Навивачите можат да пеат што сакаат, но…

Ливерпул беше подобар од Њукасл со 2-0 и со тоа искористи уште еден кикс на Арсенал во Премиер лигата со што сега стигна до предност од 13 бода во трката за титулата и ќе треба да се случи чудо за да пехарот не заврши на „Енфилд Роуд“.
„Црвените“ играа стабилно, конкретно, добиваат натпревари за разлика од Арсенал кој има големи проблеми во офанзиваната со оглед на повредените играчи и фактот дека Мерино игра како „деветка“, главен напаѓач јасно говори за минусот кој клубот од Лондон го има во овој период.
Меѓутоа без разлика на двоцифрената предност и тоа што навивачите веќе почнаа да ја слават титулата и пеат песни (We’re Gonna Win The League), капитенот Вирџил Ван Дајк останува на земја и порача:
-Тие можат да пеат што сакаат. Мораме да се справиме со тоа. Ова беше добра атмосфера како и секогаш и мораме да се погрижиме дека дефинитивно останатите натпревари овде ќе бидат неверојатна атмосфера и мораме да продолжиме. Дефинитивно уживаме во атмосферата. Нема „речиси таму“. Остануваат уште 10 натпревари за нас и сè уште ништо не е решено. Сè додека не се реши, ние воопшто не се занесуваме.
-Ќе бидам досадното момче во таа смисла затоа што ќе кажам „одиме на наредниот, останете смирени“. Мора да уживате во победничките натпревари, но не премногу долго, бидејќи играте скоро на секои три дена. Сега имаме мала празнина. Тоа е единственото нешто што треба да го направиме, да се подготвиме за следниот, -порача Холанѓанецот.
Наредниот предизвик за Ливерпул е против ПСЖ во ЛШ.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона