Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк најави каков Ливерпул може да се очекува во летниот преоден рок

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Вирџил Ван Дајк донесе победа за Ливерпул против Вест Хем и со тоа му овозможи да направи нов исчекор кон обезбедување на пехарот во Премиер лигата.

Овој гол на Холанѓанецот дојде во период во кој е се поизвесно дека ќе потпише нов договор, односно заедно со Мохамед Салах кој веќе тоа го направи ќе останат да бидат лидери, предводници на екипата и во наредните две сезони.

Во исчекување на официјалната потврда на оваа вест, капитенот на „црвените“ ги израдува навивачите на клубот со најавата дека управата планира да биде супер активна летово, односно да повлече потези со кои премиерлигашот ќе биде уште посилен.

-Мислам дека Ливерпул треба да биде способен да биде во игра за титули во наредните години. Што и да се случи во однос на заминување на играчи, доаѓање на играчи, мислам дека треба да биде големо лето.

-Мислам дека планираат да имаат големо лето, па сите мораме да и веруваме на управата, како навивач поврзан со Ливерпул, да се заврши вистинската работа, -порача Ван Дајк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни