Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк коментирал за иднината на Гакпо, испратил провокација за Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Вирџил ван Дајк успеа да стане топ тема на англиските фанови и додека настапува за холандската репрезентација во Катар, е причина е неговиот коментар на актуелна тема.

Неговиот помлад колега Коди Гакпо го потврди големиот потенцијал на мундијалот, а бидејќи е поврзуван со трансфер во поголем клуб, Ван Дајк бил прашан за неговото мислење.

На споменувањето на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во иста конотација, дефанзивецот на Ливерпул го привлече вниманието со својот одговор.

– Гакпо е поврзуван со Јунајтед и Реал?

– Без желба да покажам непочитување, но дали Јунајтед и Реал се на исто ниво во овој момент? Од него очекувам многу бргу да го направи следниот чекор, не знам само дали ќе биде во јануари или во летниот преоден рок,  – рекол Ван Дајк, јасно алудирајќи на кризниот период низ кој минува ривалот на Ливерпул од Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни