Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк: Имам големи планови…

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Вирџил Ван Дајк од 2018 година е член на премиерлигашот Ливерпул, клуб со кој пак има договор до 30 јуни и засега останува нејасно дали ќе продолжи во премиерлигашот и по истекот на овој датум.

Стоперот е од огромно значање за „црвените“ и ако го загубат тоа ќе биде удар за Ливерпул кој да не заборавиме во иста ситуација ги има Мохамед Салах и Трент Алесандер Арнолд.

Овие прашалници носат доста дилеми, но кога е во прашање Холанѓанецот тој максилано е посветен, фокусиран на сегашноста.

-Во наредните месеци треба само да дадеме се од себе. Сè уште сме активни на три фронта и тоа е примарна цел што ја имам на ум. Имам многу, многу големи планови во таа област. За жал, не можам да зборувам за лични разговори што ги имам со клубот. Разговаравме некое време и единствено што можам да кажам сега е дека го сакам овој клуб.

-Јас сум многу смирен за ситуацијата. Се додека јас сум смирен околу тоа, можат да бидат и навивачите. Ако има новости, ќе слушнете за тоа. Засега навистина не знам каде ќе играм следната сезона, но повторно: мирен сум околу тоа, -порача Ван Дајк пред дербито со Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни