Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк го посочи најголемиот квалитет кој го прави Челси сериозен ривал за титулата

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Челси остави очајна сезона зад себе и често служеше за потсмев во јавноста и на социјалните мрежи, но конфузниот и несреден тим под водство на Маурисио Покетино, многу брзо се претвори во состав кој знае на што игра на секој натпревар.

„Лондонските сини“ се препородија под водство на Енцо Мареска и Италијанецот побрзо од очекувањата го вади најдоброто од своите играчи, кои понесени од самодовербата, почнаа да си поставуваат и далеку повисоки цели од тоа што било кој го замислуваше на стартот на сезоната.

Поради ширината на составот, Челси за многумина веќе е и директен ривал на Ливерпул за титулата, а тоа го смета и Вирџил Ван Дајк, капитенот на „црвените“.

– Челси покажа дека не е тим кој треба да биде под радарот. Стана очигледно дека имаат многу добар тим и многу добри играчи. Бројот на фудбалери кои можат да влезат од клупа и да направат разлика е огромен, тоа е нивниот најсилен квалитет.

– Може да се зборува за неискуство, но јасно е дека поседуваат квалитет и дека имаат играчи кои можат да отежнат работа на секого во дадена ситуација. Дефинитивно станаа тим кој мора да се сфати сериозно во битката за трофејот, – вели Ван Дајк.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни