Ван Дајк го истрола Роналдо на свеченоста во Париз

virgil-van-dijk-

Вирџил ван Дајк со својата изјава дадена во Париз, пред почетокот на церемонијата за доделување на признанието „Златна топка“ го „поздрави“ Кристијано Роналдо, кој сигурно нема да му го заборави ова на холандскиот дефанзивец.

Во разговор со двајца новинари, на Ван Дајк му било посочено дека Роналдо нема присутен на церемонијата, што значи дека има еден ривал помалку за престижното признание.

– А зошто, зарем тој беше кандидат за наградата? иронично прашал стоперот на Ливерпул, кој повторно не успеа да добие признание во конкуренција на Лионел Меси.

Facebook Коментари