Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван Дајк го испофали ПСЖ, па имаше состанок со Ал Келаифи и Кампос (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

ПСЖ излезе како победник во спектакуларниот двомеч со Ливерпул кој беше неверојатно израмнет ако се гледаат објективно сите 210 минути, бидејќи „светците“ беа далеку подобри на домашен терен, а „црвените“ максимално доминантни на вчерашниот меч.

Иронија во целата ситуација беше тоа што послабиот тим победуваше на гостински терен, па откако не искористија голем број шанси и решија да играат претпазливо во продоженијата, стана јасно дека одлуката ќе падне во пенал рулетот.

Џиџио Донарума издоминира во фудбалската лотарија и со два одбранети пенали беше јунак во победата на ПСЖ, по која честитки за францускиот шампион испорача и капитенот на Ливерпул.

– Честитки за ПСЖ, тие дефинитивно се убедливо најдобриот тим со кој се соочивме оваа сезона. Честитки за тренерот Луис Енрике, изградил навистина многу добар состав, – изјавил Ван Дајк за „Канал Плус“.

Сепак, далеку поголемо внимание за светските медиуми привлекува моментот од подтрибинскиот простор на „Енфилд“, каде капитенот на Ливерпул бил уловен како разговара со двајцата клучни луѓе во ПСЖ, Насер Ал Келаифи и Луис Кампос.

Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува на крајот на оваа сезона и двете страни се уште немаат постигнато договор, па овие сцени ги натераа англиските медиуми веднаш да почнат да шпекулираат за негов трансфер во Париз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни