Англија
Ван Дајк ги загрижи навивачите на Ливерпул: Не знам уште колку натпревари ми остануваат…

Ливерпул немаше никакви проблеми во соочувањето со Ипсвич и оствари сигурен триумф од 4:1 со што направи нов чекор кон остварување на посакуваната цел, освојување на пехарот во Премиер лигата.
Ова соочување беше посебно за Вирџил Ван Дајк затоа што беше 300. меч во дресот на „црвените“ со што влезе во одбрано друштво на играчи со ваков учинок. Холанѓанецот е горд поради тоа, ама во исто време и ги загрижи фановите со изјавата дека не знае уште колку мечеви во остануваат во Ливерпул, а со оглед на тоа што договорот му забршува во јуни годинава тоа може многу да зборува иако некако впечатокот во јавноста беше дека тој е најблиску до останување на „Енфилд Роуд“ од трите ѕвезди кои се во иста ситуација (Мохамед Салах и Трент Александер Арнолд).
-Многу горд. Моето семејство и моите деца беа овде, така што беше посебен ден. Можеби ќе добијам чаша црвено вино вечерва само за да прославиме, јас и мојата сопруга. Но тоа е тоа. Фокусот е на следниот натпревар. Ќе има еден ден кога ќе размислам за се што ми се случи во Ливерпул. Тогаш ќе имам соодветно размислување за тоа што се истакнува.
-Се надеваме дека има уште добри работи што следат. Немам идеја (уште колку натпревари ќе одигра). Колку останаа оваа сезона? Се надевам дека тие се загарантирани и потоа не знам што ќе донесе иднината. Тоа (неговиот процент од 69,7 победи во Ливерпул) покажува дека сум бил доста добар до сега. Тоа зависи од сите вклучени – играчите, менаџерите, навивачите. Добра статистика е да се има. Ќе продолжиме. Добра победа, па сега се фокусираме на следната, -истакна стоперот кој од 2018 години ги брани боите на премиерлигашот.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!