Англија
Ван Дајк е оптимист: Можеме да го предизвикаме Сити во борбата за титулата

Манчестер Сити и Ливерпул ќе ги одмерат силите по репрезентативната пауза, поточно дербито на „Итихад“ е закажано за 25 ноември од 13:30 часот.
Во оваа средба Сити ќе влезе само со бод предност во однос на „црвените“ кои сезонава фатија ритам и се конкуренти што е јасен знак дека се враќаат на нивото на кое сите посакуваат на „Енфилд Роуд“.
Еден од поискусните играчи сега во таборот на „црвените“ е Вирџил Ван Дајк кој верува дека тие како група можат да го предизвикаат Сити во трката за пехарот во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
-Се надевам дека ќе можеме да ги предизвикаме. Кога гледам во соблекувалната, како да сме тим до 23 години, но имаме квалитет. Ако си доволно добар, тогаш си доволно возрасен. Ама потребна е малку среќа, треба да бидеме без повреди и ни треба конзистентност.
-Генерално оваа сезона ни оди добро, но сезоната не се решава во ноември и ќе има многу пресврти. Концентрирани сме на следниот натпревар, -порача Холанѓанецот.
-
Италијапред 23 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 12 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 20 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Македонијапред 14 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 9 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 11 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)