Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк директно посочи зошто ги одби останатите понуди и го избра Ливерпул

Објавено

на

Холандскиот стопер, Вирџил Ван Дајк од почетокот на 2018 година е дел од премиерлигашот Ливерпул во кој успеа максимално да се наметне како лидер на теренот, играч кој едноставно ги трансформираше „црвените“ кои сега се меѓу најдобрите клубови на светот, конкурентни за титулите во сите натпреварувања.

За него Ливерпул плати 75 милиони фунти, ама тоа дефинитивно се исплатеше. Ван Дајк пред да се пресели на „Енфилд Роуд“ имаше понуди и од други екипи меѓу кои и Манчестер Сити, но Холанѓанаецот се одлучи да го прифати повикот од Јирген Клоп.

Токму за таа негова одлука Вирџил отворено проговори:

-Пред да донесам одлука да го изберам Ливерпул, ги разгледував сите аспекти на клубовите; начинот на игра, соиграчите и иднинатa. Градот, навивачите сè мораше да биде голем дел од преселбата во еден клуб.

-Мислам дека донесов вистинска одлука и очигледно тоа што стигнав во финалето во Лигата на шампионите во првите шест месеци, очигледно беше голем бонус и ми помогна многу во мојот развој, -порача Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни