Англија
Ван Дајк директен: Се покажа непочитување кон Јунајтед…
Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа драматично дерби кое на крајот донесе по еден бод за двете екипи.
Домаќините според формата, пласманот на табелата имаше статус на апсолутен фаворит на хартија, меѓутоа дерби е дерби и тоа уште еднаш се потврди дека тука тешко дека некој има предност, односно се почнува од нула во натпревар кој можат да го одлучат нијанси, потег, мотивација. грешка…
Гостите од „Олд Трафорд“ на крајот можеа и комплетно да го шокираат домаќинот, да слават со 3-2, но обидот на Мегваер не заврши на местото каде што посакуваат сите навивачи на Јунајтед.
Од друга страна во таборот на Ливерпул се свесни дека можеле и морале подобро да одиграа, но капитенот Вирџил Ван Дајк не заборави да спомене дека јавноста едноставно го потценила Јунајтед, односно пред мечот покажала непочитување кон великанот.
-Дали сметам дека се покажа непочитување кон Јунајтед? Да. Слушнав на прес-конференцијата кога некој праша дали ќе ротираме играчи против Јунајтед. Бев шокиран. Ова е еден од најголемите натпревари во сезоната и Јунајтед секогаш ќе прави да биде тешко. Кога го слушнав тоа, се изненадив. Играме против добар противник. Мислам дека сите од надворешниот свет го забораваат тоа, судејќи по тоа што се вртеше наоколу пред натпреварот. Имаат добри играчи. Тие се во процес како иние, но ни ја отежнаа работата, -порача стоперот.
-
Светски првенства12 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет21 час
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства11 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација22 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија12 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија14 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Италија21 час
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија14 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)