Поврзете се со нас

Европски првенства

Ван Дајк бесен: Кога судијата има таква реакција по крајот на мечот, не треба ништо да се додаде!

Објавено

на

Холандија го заврши својот пат на Европското првенство во Германија и загуби во полуфиналето во Дортмунд, натпревар на кој „лалињата“ влегоа со големи амбиции и со желба да стигнат до финалето во Берлин.

Избраниците на Роналд Куман отворија добро и поведоа со голот на Симонс, но се чини дека клучен момент беше враќањето во игра на Англичаните, односно досудениот пенал кој во најмала рака беше спорен.

Контактот меѓу Кејн и Дамфрис за многумина не е доволен да се досуди најстрога казна, но за Феликс Цвајер и луѓето во ВАР собата праведна одлука беше онаа спротивната, па така Холанѓаните имаа за што да се бунат по крајот на мечот.

Фудбалерите на Куман имаа забелешки за арбитражата и во некои други ситуации, па Вирџил Ван Дајк како капитен на тимот не ги криеше бесот и фрустрацијата по елиминацијата од турнирот.

– Не знам дали треба да кажам нешто вакво, но веќе го кажав за домашните медиуми во Холандија. Кога еден главен судија ќе изреагира онака какошто изреагира по крајот на мечот, тоа се ви кажува. Судијата веднаш истрча во соблекувалната и не се поздрави со нас, кога ќе видите како еден арбитар го прави тоа, не треба ништо да се додаде.

– Тој избега од теренот, немав време да се поздравам со него. Тоа е што е, мечот заврши и ние загубивме. Одредени работи не беа на наша страна и тешко е да се прифати ваков пораз. Имавме голем сон, но за жал не го остваривме. Сметам дека судиите исто така треба да имаат одговорност по натпреварите, треба да даваат објаснувања какошто тоа го правиме ние фудбалерите. Кога некој прави нешто лошо, треба да му се даде шанса да се објасни, – изјави Ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни