Ван Дајк со анализа и прогноза за Ливерпул: Пред нас е фантастична иднина…

van dajk-klop

Ливерпул од година во година е се подобар и подобар, а наградата за својата одлична работа секако беше успехот и освојувањето на пехарот во Лигата на шампионите.

Меѓутоа тоа според еден од клучните играчи, Вирџил Ван Дајк тоа е само почеток затоа што според него „црвените“ имаат фантастичен состаб и пред нив е светла иднина.

-Мислам дека иднината е прилично светла за Ливерпул. Имаме фантастичен тим со играчи кои сакаат да се развијат, кои сакаат да дадат сè за тимот и за клубот. “[Има] толку многу квалитет во тимот, понекогаш дури и не сфаќаме колку добра група на играчи имаме – а исто така и на клупата кои сакаат да играат и бидат дел од тимот. Значи, имаме фантастична иднина, -истакна Ван Дајк кој смета дека не е единствениот што е заслужен што Ливерпул игра на такво високо ниво.

-Јас бев конзистентен. Одлично се чувствувам, секако со помош на сите мои соиграчи. Но, секој е фантастичен. Ако го погледнете тимот, Робертсон ја имаше најдобрата сезона во кариерата. Трен е фантастичен за толку млад играч, а толку зрел. Сите централни дефанзивци. И секако остатокот од тимоткој играше на толку високо ниво, -дополни Холанѓанецот.

Facebook Коментари