Поврзете се со нас

Европски првенства

Ван Дајк: Ако продолжиме вака, нема што да бараме на турнирот

Објавено

на

foto: x.com/OnsOranje

Репрезентацијата на Холандија успеа да обезбеди место во осминафиналето на Европското првенство, но дефинитивно покажа злабости во групата во која беа уште Австрија, Франција и Полска.

Доста критики на сметка на играчите имаше по последниот меч против Австрија кој „лалињата“ го загубија, а еден од најспоменуваните беше капитенот Вирџил Ван Дајк.

Тој доби можност да одговори на прозивките од новинарите и навивачите порачувајќи дека секој има право да го искаже своето мислење.

-Сигурно можам да ја разберам критиката кон нас. Не сум глупав, знам дека можам многу подобро и дека морам подобро. Работам на тоа. Не одиграв најдобро против Австрија и тоа ме нервира. Целиот тим не истрча како што треба, но јас прво се гледам себеси. Морав да покажам повеќе, -вели ѕвездата на Ливерпул и додава:

-Не е дека тактиката беше погрешна. Тоа беше првенствено волја за победа. Влегување во дуелите за втора топка. Не мора да разговарате за тоа со тренерите, наше е да работиме заедно. Разговаравме и имаше многу остри зборови. Можеби се преценивме. Тој натпревар ни ги отвори очите. Ако продолжиме вака, нема што да бараме на турнирот, -порача јасно и директно стоперот.

Холандија во осминафиналето ќе ги одмери силите со Романија на 2 јули во Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни