Поврзете се со нас

Германија

Ван Бомел по отказот од Волфзбург: Разочаран сум од одлуката на клубот

Објавено

на

Раководството на Волфзбург денеска донело одлука за отпуштање на досегашниот тренер Марк ван Бомел, што претставува и прв отказ во актуелната сезона на германската Бундеслига.

Вчера „волците“ загубија на домашен терен од Фрајбург, што значеше четврти пораз по ред и дефинитивно активирање на алармот кој донесе разделба со тренерот.

Од своја страна, Ван Бомел ја коментирал одлуката на интересен начин, не криејќи го разочарувањето од отказот.

– Изненаден сум и разочаран од одлуката, бидејќи бев убеден дека со заеднички напор ќе успеевме да се извлечеме од оваа ситуација. Се надевам дека брзо ќе ги свртат работите во своја корист, – изјавил холандскиот стручњак.

Бундеслигашот има само два бода во групата од Лигата на шампионите, но останува со шанси да се бори за нокаут фазата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни