Поврзете се со нас

Италија

Ван Бастен за најавеното засилување за „росонерите“: Ако Милан сака да победува…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан ќе направи промени во играчкиот кадар во наредниов период, летниот преоден рок кој едноставно мора да се одработи на највисоко ниво ако се сака да се направи исчекор од минатава сезона во која клубот заврши на втората позиција во Серија А.

Една од позициите која сигурно ќе биде засилена е нападот особено по заминувањето на Оливие Жиру во Соединетите Американски Држави, па така според информациите негова замена треба да биде Џошуа Зиркзе од Болоња. Клубот веќе работи на трансфер, информиран е клубот дека ќе биде активирана откупната клаузула, но ќе треба да се средат и дури детали за да може да се затвори операцијата.

Милан ќе ја активира откупната клаузула за наследникот на Жиру

Марко Ван Бастен како легенда имаше можност да проговори за Зиркзе од кого не е премногу импресиониран.

-Тој е перспективен, но млад и се уште на стартот на кариерата. Треба да почекаме и да видиме колку навистина е добар, има се да докаже. Не можам да кажам дали ќе стане голем играч или не, но сигурно има квалитет.

-Ако Милан сака да победува и да биде важен во Европа, треба да избере одлични играчи. Не можам да кажам дали ќе се снајде добро во Милан или не, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни