Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван Бастен за ѕвездата на Сити која се посрамоти против Реал: Не можеше да биде полошо (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити не успеа пред своите гледачи да го совлада Реал Мадрид, а поразот на пенали значеше и елиминација од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ имаа повеќе од играта, ја имаа топката во своите нозе, упатија далеку повеќе удари од противникот, меѓутоа на крајот резултатот беше 1-1 што го однесе мечот во продолженија, потоа и пенали каде подобро се снајдоа гостите од Мадрид.

Пенал серијата дефинитивно ќе остане запаметена по Бернардо Силва кој изведе очаен удар од 11 метри, момент, потег за кој Португалецот доби критики и од легендарниот Марко Ван Бастен.

-Ако зборувате за лошо изведен пенал, тогаш ова е лошо изведен пенал. Ако голманот избере избере агол, тој сепак може да одбрани со нога. Овој беше изведен навистина лошо, ептен лошо.

-Може да одбележи, може да чека и види што голманот ќе направи, ама неправи ништо од тоа. Шутира полувисоко, не во аголот и не силно. Ова не може да биде полошо, -истакна Ван Бастен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни