Поврзете се со нас

Шпанија

Ван Бастен за досудениот пенал за Реал против Бетис: Колку треба да си глупав…(ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид дојде до втората сезонска победа во Примера и тоа во соочувањето со Бетис кое го реализираше со 2-0 со два гола кои во вториот дел ги даде најголемото летно засилување Килијан Мбапе.

Првиот дојде од игра по магичната асистенција на Феде Валверде, а вториот од пенал кој го изнуди бразилскиот интернационалец Винисис Жуниор.

Во прв момент беше покажен офсајд, но откако беше утврдено дека нема недозволена ситуација главниот судија беше повикан од ВАР собата да ја погледне ситуацијата по што Рохас одлучи да покаже на белата точка за да потоа на Мбапе стрела за потврда на триумфот.

Имаше доста коментари, реакции за тоа дали „кралевите“ требаше да добијат пенал, а една од нив е на легендарниот Марко Ван Бастен кој беше многу отворен и директен.

-Винисиус се удри во нозете на голманот кој ништо не направи, колку треба да си глупав и преку ВАР ова да го гледаш како пенал? Ова е типичен пример за човек на ВАР кој никогаш не играл фудбал. Ако така беше, подобро ќе ја прочиташе ситуацијата, -порача холандската легенда.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни