Поврзете се со нас

Италија

Ван Бастен: Треба да му дадеме време на Фонсека, Милан има еден од најдобрите играчи во светот

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Марко Ван Бастен во неделата влезе во „Куќата на славните“ на Милан и беше дел од церемонијата која се одржа по повод 125-годишнината на клубот, сценарио кое за жал не беше целосно комплетирано на најпосакуван можен начин.

Милан повторно разочара со играта која ја прикажа и ремито без голови со Џенова донесе и свирежи додека се славеше роденденот, па впечатокот на легендите кои беа на стадионот секако не беше најдобар.

Вас Бастен беше еден од тројцата кои излегоа на теренот пред стартот на мечот (покрај Барези и Инѕаги), а враќањето во Италија го искористил за да направи и едно интервју за „Газета“, преку кое испраќа и порака до лутите тифози на Милан.

– Овој тим нема големи ѕвезди како во мое време и така е многу потешко да остварите резултати. После долги години, дојде и до тренерска смена. Не треба да се избрзува со заклучоци. Треба да му се даде време на Фонсека, мора да го оставиме да работи и да бидеме трпеливи, – вели Ван Бастен, кој не штеди комплименти за својот сонародник Рејндерс.

– Неговата експлозија за мене е малку неочекувана. Изненаден сум и мора да се признае тоа. Во АЗ Алкмар беше добар, но никој не очекуваше вакво нешто. Пристигна во Милан на 25 години и не верував дека може да стане толку добар. Неговиот напредок е застрашувачки и тој е еден од најдобрите играчи во светот во средниот ред, – заклучува Ван Бастен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни