Англија
Ван Бастен: Тен Хаг направи идиотски потег, купи играч кој се влече по теренот!
Марко Ван Бастен се претвори во страствен фудбалски аналитичар во последните неколку години и навистина не се штеди при излагањата кои ги има во јавноста, особено кога станува збор за луѓе кои доаѓаат од неговата земја.
МАнчестер Јунајтед воден од Ерик Тен Хаг повторно се гледа под лупа по катастрофалното издание кое го имаше тимот на дербито против Тотенхем, а Ван Бастен во својата анлиза издвои едно име од кое е посебно разочаран.
Тен Хаг силно притискаше за ангажман на Мануел Угарте од ПСЖ и до последен момент се надеваше дека ќе го добие, а откако тоа се случи, гордо позираше со него и тврдеше дека добил играч кој недостасувал во неговиот костур.
Угарте го чинеше Јунајтед 50 милиони евра, но според Ван Бастен, уште сега се гледа дека тоа се залудно потрошени пари.
– Го гледам Манчестер Јунајтед и го гледам тој новиот играч кој се шета по теренот….. Зборувам за Мануел Угарте, тој беше платен 50 милиони евра. Како може да си дозволи да се влече по теренот. Навистина е идиотски како Тен Хаг инвестира толку пари во играчи кои воопшто не се добри, – гласи анализата на Ван Бастен направена за „Ziggo Sport“.
-
Евролига14 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија16 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации6 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан7 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации16 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Лига на нации7 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Германија15 часа
Нагелсман му одговори на „експертот“ Леман за голманската дебата
-
Англија13 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП