Поврзете се со нас

Англија

Ван Бастен со совет за Тен Хаг: Може да биде одличен во Јунајтед

Објавено

на

Ерик Тен Хаг пред некое време беше именуван за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, тим во кој Холаѓанецот го очекува тешка задача, предизвик да го врати истиот при самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.

Тен Хаг имаше одлични резултати во Ајакс, неговиот тим играше квалитетен и атрактивен фудбал и дефинитивно тоа ќе се обиде да го спроведе на „Олд Трафорд“. Ова лето сигурно ќе биде бурно во црвениот дел од Манчестер затоа што се најавени големи промени во играчкиот кадар, добар дел од играчите ќе си заминат, но и ќе има доста нови засилувања.

Во јавноста веќе почна да се зборува за дел од потенцијалните засилувања, но останува да се види како и дали тие операции ќе се завршат. Легендарниот Марко Ван Бастен имаше што да каже во поглед на оваа тема и му даде еден совет, предлог на сонародникот за засилување.

Тој смета дека Јунајтед многу може да добие со ангажманот на Хаким Зијеш од Челси со кого Тен Хаг своевремено соработуваше во Ајакс.

-Она што ми паѓа на памет е дека Зијеш кој веќе игра во Англија, би можел да биде многу добар фудбалер на Манчестер Јунајтед кај Тен Хаг, -изјави Ван Бастен.

Зијеш за 81 натпревар за Челси даде 14 гола и 10 асистенции, додека во Ајакс на 165 натпревари постигна 49 гола со дури 81 асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни