Ван Бастен ќе му прави друштво на Чеферин во Скопје!

van-basten

Фудбалската Федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден детално објасни кој е поводот поради што Александар Чеферин ќе дојде во посета на македонската престолнина, а ова попладне соопшти дека експедицијата на УЕФА ќе биде побогата за уште едно светки познато име.

Покрај претседателот на Европката куќа на фудбалот, во Скопје овој четврток ќе го видиме и легендарниот холандски фудбалер, Марко Ван Бастен, човек кој во овој момент работи како директор за технички развој на ФИФА. Повод за пристигнувањето на Ван Бастен и Чеферин во Скопје ќе биде промотивното отворање на сместувачкиот капацитет во комплексот „Куќа на фудаблот“, објект кој ќе го користат учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.

Facebook Коментари