Поврзете се со нас

Англија

Ван Бастен ја посочи најголемата грешка на Тен Хаг во Јунајтед

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг успеа да освои трофеј и во втората сезона во Манчестер Јунајтед, но без разлика на успехот во ФА Купот останува неизвесно дали ќе продолжи на „Олд Трафорд“.

Во брзо време треба да се расчисти оваа дилема околу иднината на Тен Хаг кој во првата година го донесе и пехарот од Лига Купот. „Црвените ѓаволи“ имаа навистина лоши настапи во Премиер лигата каде завршија дури на осмата позиција што јасно говори дека екипата немаше континуитет, констатност во настапите, но за тоа придонесоа и големиот број на повреди.

И додека се чека потег, одлука на управата на премиерлигашот, славниот Марко Ван Бастен од свој агол посочи која е главната, најголемата, грешка на сонародникот во клубот од Манчестер.

-Од Ајакс знам дека тој е добар тренер. Добро се снајде во Утрехт и во Го Ахед Иглс. Тој е некој што може да гради, кој може да го направи тимот посилен. Но, треба да имате среќа што имате добра група. Има, а тоа е грешка од негова страна, за многу пари купи многу играчи, кои не се претставија најдобро. Тоа е работа на технички директор, презеде премногу.

-Не беше добар натпревар, но одлично е што успеа да победи против Сити со толку ограничен тим. И покрај малкуте можности со играчите, тој сепак го освои ФА Купот, што беше многу важно. . Како резултат на тоа, тие ќе играат европски фудбал. Мислам дека треба да му дадат време.

-Мислам дека тој е способен да го однесе Манчестер на повисоко ниво. И за тоа е потребно време, особено со ваква година, во која толку често мораа да играат со различен состав. Тогаш може да се каже дека тој самиот мора да се погрижи за тоа, но имаше само многу повреди. Мислам дека треба да го земете тоа предвид, -порача Ван Бастен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни