Поврзете се со нас

Свет

Ван Бастен избра Топ 3 на сите времиња, не најде место за Меси и Роналдо

Објавено

на

Легендарниот холандски напаѓач Марко ван Бастен ги издвоил најдобрите тројца фудбалери во историјата, а а во ова друштво нема место за Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Некогашниот фудбалер на Ајакс и Милан се решил за играчи кои настапуваа пред актуелните ѕвезди, потенцирајќи зошто не нашол место за Меси и Роналдо.

– Тројцата најдобри на сите времиња се Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф.

– Кројф ми беше пријател и многу ми недостасува. Како мал секогаш сакав да бидам како Кројф, – изјавил Ван Бастен.

– Меси е фантастичен фудбалер, но Марадона секогаш носеше поголем персонален печат во тимот. Меси не е личност која ќе ги поведе соиграчите во војна, – објаснила холандската легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни