Валверде застана во одбрана на играчот кој не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“: Тој може да и донесе многу на Барселона во блиска иднина

ernesto-zamislen

Ернесто Валверде во досегашниот тек на сезоната испроба навистина голем број на комбинации и им даде шанса на речиси сите играчи кои ги има во својот тим (со исклучок на Арда Туран), а еден до оние кои добиваат голема мотивација од тренерот на Барселона да се докажуваат со текот на времето е подзаборавениот Андре Гомес.

Португалскиот играч за врска ја санираше незгодната повреда на мускулот и се врати во тимот на натпреварот против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, а токму тоа го натера Валверде да проговори за иднината на Гомес кој навистина доста често се поврзува и со заминување од „Камп Ноу“ поради незадоволувачкиот прогрес кој го направи при големиот трансфер од Валенсија.

Ако некој е против негово продавање, тогаш тоа дефинитивно е тренерот на Барселона, а тоа најдобро може да се заклучи од неговата последна изјава во која најави дека негов план е да му даде континуитет на Гомес во првиот тим на каталонскиот гигант.

– Сакам да му дадам континуитет на Гомес, тоа му е потребно. Станува збор за одличен фудбалер кој има многу различни квалитети. Ако му ја дадеме потребната поддршка и доверба, тој може да и даде многу на Барселона во иднина, – смета Валверде.

 

Facebook Коментари