Валверде за трката во Примера: Мора да напоменам дека Реал оваа сезона….

valverde-samit

Ернесто Валверде се појави со променет имиџ на фудаблскиот интернационален самит во Билбао каде му беше врачена награда на „Сан Мамес“, церемонија која за него претстсавуваше прво јавно излагање по отказот кој го заработи од Барселона.

Како и обично, Валверде беше крајно срдечен и нагласи дека нема никакви забелешки до одговорните лица на Барса за начинот на кој му беше доставено отказно решение, но покрај тоа што говореше за своето заминување од „Камп Ноу“, ценетиот баскиски стручњак проговори и за трката во Примера. Валверде смета дека Реал Мадрид ќе биде навистина тежок противник до крајот на сезоната, бидејќи главна цел на Зидан е да се брка трофејот во Ла Лига.

– Имав голема страст да ја освојам титулата и да го одбраниме трофејот. Но, оваа сезона Реал Мадрид е многу силен, морам да напоменам дека многу се посветени на титулата во Ла Лига. Титулите во домашното првенство секогаш се тешки за освојување, а нивниот тренер уште на стартот на сезоната нагласи дека негов приоритет ќе биде Ла Лига. Оваа сезона, тимовите од врвот загубија многу повеќе бодови од обично и ќе биде интересно до крајот, – изјави Валверде.

Facebook Коментари