Валверде ротираше, Барселона со почетен тим каков што немала 16 години

mesi-koutinho-alaves

Барселона вечерва има гостување кај Селта Виго во шпанското фудбалско првенство, а медиумите одбележаа една навистина интересна ситуација која е раритет во однос на Барселона.

Ротациите на Ернесто Валверде и фактот што неколку фудбалери добија одмор придонесоа по цели 16 години, во почетниот состав на Каталонците да нема ниту еден играч кој потекнува од сопствената фудбалска академија.

Тер Штеген, Семедо, Вермален, Мина, Дињ, Гомес, Паулињо, Кутињо, Суарез, Дембеле и Алкасер го започнаа дуелот на „Балаидос“, а најблиску до играч од сопствена академија е Денис Суарез кој настапуваше за Барселона Б, но сепак не бил член на „Ла Масија“.

Како што објави „Марка“, последен пат вакво нешто во шпанското првенство се случило во сезоната 2001/02 и тоа „Ел Класико“ дербито кога тренер беше Карлос Решак (Бонано, Рајзигер, Де Бур, Абелардо, Рошембак, Мота, Коку, Луис Енрике, Овермарс, Савиола и Клајверт).

barsa2002

Facebook Коментари