Валверде: Првпат гледам вакво нешто, играчот на Џирона со својот потег кажа се што треба

ernesto-lut

Играчите на Барселона му се нафрлија на главниот судија Хил Мансано по крајот на мечот со Џирона, од едноставна причина што сметаа дека стоперот Ленгле беше престрого исклучен по само 35 минути игра на „Камп Ноу“.

Дефанзивецот имаше судир со Пере Понс од Џирона, но бидејќи во дуелот го испружи лактот, Мансано и луѓето од ВАР собата проценија дека станува збор за агресија која се казнува со директно исклучување. На крајот тоа и се случи, а Ернесто Валверде беше исклучително лут по крајот на мечот, бидејќи како што вели тој, Пере Понс му се извинил на Ленгле за тоа што му направил прекршок.

– Црвениот картон многу се одрази на конечниот резултат, несреќно примивме гол пред крајот на првиот дел и тоа уште толку ги закомпликува работите. Не можевме да се вратиме, а исклучувањето беше престрого. Првпат гледам вакво нешто. Играчот кој доби извинување од противникот беше исклучен, убеден сум дека ова не беше за исклучување. Не станува збор за агресија ни случајно, главниот прекршок го направи Пере Понс, а неговото извинување кажува повеќе од што треба, – истакна Валверде.

Facebook Коментари