Валверде призна дека добил повик од Бартомеу по двете лоши изданија на Барса

valverde-pres-barsa

По двете лоши изданија против Леванте и Славија Прага, Барселона сега одново се враќа на домашен терен, каде веќе утре ќе има нов предизвик во шпанската Примера.

Барса на „Камп Ноу“ ќе го пречека тимот на Селта Виго кој игра очајно во последно време и кој доживеа тренерска смена во текот на неделата, нешто за што предупреди Ернесто Валверде на денешната прес-конфернеција која ја одржа по последниот тренинг на каталонскиот гигант.

Валверде се најде под сериозен притисок по двете бледи партии на првиот тим составен од многу ѕвезди, а големо внимание на медиумите во Шпанија им предизвика и тоа што тренерот беше повикан на состанот со првиот човек на клубот, Хосеп Марија Бартомеу.

– Да, добив повик од претседателот и ручав заедно со него. Клубот секогаш ме поддршувал и се чувствувам респектиран во Барселона. Така е и во овој момент. Искрено, не сум загрижен за мојата иднина, – нагласи Валверде.

Facebook Коментари