Поврзете се со нас

Шпанија

Валверде презема вина и им се обрати на соиграчите и навивачите по грешката која му пресуди на Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Феде Валверде е најдобар и најконстантен играч на Реал Мадрид од стартот на сезоната, но вчера тој беше главен виновник што „кралскиот клуб“ остана без ништо на гостувањето на „Сан Мамес“.

Во моментите кога Џуд Белингам израми на 1:1 и кога се чинеше дека Реал тргнува по втор гол за пресврт, Феде непотребно комплицираше и со голема грешка му овозможи на Гурусета да постигне гол за победа од 2:1, а бидејќи многу негови соиграчи завршија на колена по ваквиот епилог, Уругваецот реши да се извини преку социјалните мрежи.

– Ова беше тежок удар, но ја преземам вината, сакам да покажам лице пред вас и да се извинам. Сакам да им се извинам на соиграчите и на навивачите.

– Знам дека ова е фудбал и дека се случуваат вакви работи, па затоа не сакам да молчам после направена грешка. Се уште има многу пат пред нас, има уште многу натпревари пред нас и сигурен сум дека има уште многу успеси пред нас, – порача Валверде.

Феде експресно доби огромна поддршка од фановите на Реал на својот Инстаграм профил, но истовремено и од соиграчите кои му испратија поддршка со позитивни коментари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни