Шпанија
Валверде пред финалето со Барселона: Реал е тимот кој освојува се
Федерико Валверде е апсолутна гаранција во стартната постава на Карло Анчелоти, бидејќи заедно со Ридигер се двајцата фудбалери кои речиси никогаш не добиваат одмор од страна на италијанскиот стручњак.
Во пресрет на утрешното финале против Барселона во шпанскиот Суперкуп, Валверде порача дека воопшто не му смета да игра натпревар на секои три дена, но исто така нагласи дека тој и неговите соиграчи сега имаат голем мотив да и се реваншираат на Барселона за тешкиот пораз кој го претрпеа пред неколку месеци.
– Поразот од 0:4 беше навистина тежок за прифаќање, тешко се спие после таков натпревар. Во првото полувреме имавме шанси да постигнеме гол, додека во второто Барселона почна подобро и доби самодоверба. Тој пораз ни послужи како лекција, не натера да работиме понапорно и поради тоа влеговме во позитивна серија на резултати.
– „Ел Класико“ натпреварите се уникатни, носат многу еуфорија и страст. Ако загубиш, крвта се вжештува и на никого не му се сеедно, но ако победите, владее голема еуфорија.
– Може да имаме добар и лош ден, но на крајот на сезоната, ние сме тимот кој најчесто освојува се. Мора да продолжиме да бидеме понизни во својата работа, поразот од Барселона ни дојде добро и сега имаме голема желба за реванширање, – изјави Валверде.
-
Англија9 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија11 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија15 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Репрезентација4 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија14 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)