Валверде посочи кој играч може да го прекомандува во одбраната

valverde-lisboa

Ернесто Валвереде одлично се справи со притисокот да ја предводи Барселона, но сепак во последно време се соочува со многу проблеми, пред се со бројката на повредени фудбалери.

Тренерот на Барса веќе извесно време не може да смета на Андре Гомес и Хавиер Маскерано, претходно истото важеше и за Серхи Роберто, а најголемиот проблем пристигна изминатиов викенд откако Умтити заработи сериозна повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира два месеци.

Тоа го става Валверде во ситуација да мора да смета на ровитиот Вермален кој после подолго време врза два меча во низа, а со оглед на тоа што фановите почнаа да предвидуваат кога повторно ќе се повреди, шпанскиот стручњак сега потенцираше дека во алармантна ситуација може да прекомандува еден играч од средината на теренот во одбраната.

– Вермален е добар во овој момент, се натпреварува одлично. Играше многу малку, но кога доби шанса, тоа го направи навистина добро. Имаме и друга солуција ако дојде до алармантна ситуација. Бускетс може да биде решение ако се појави некој нов проблем, – открива Валверде.

 

Facebook Коментари