Свет
Валверде: Никогаш не знаев како да го сопрам Меси, но на мој соиграч од Реал му успеваше повремено

Додека во Европа ќе се играат последните натпрвари за пласман на континенталниот собир во Германија, Јужна Америка продолжува со квалификациите за настап на Светското првенство, а на 17-ти големо дерби ќе одиграат Аргентина и Уругвај.
Актуелниот светски првак ќе ја пречека селекцијата на Уругвај во големото јужноамериканско дерби, а во овој момент како две најголеми ѕвезди на двата тима се издвојуваат Лионел Меси и Феде Валверде.
Капитенот на Аргентина веќе со години наназад е лидер на „гаучосите“, додека Валверде сериозно напредуваше во Реал Мадрид и сега е најдобар играч на својот национален тим.
Фудбалерот на „кралскиот клуб“ можеше да се запознае со квалитетите на Меси за време на „Ел Класико“ пресметките, но пред дуелот со Аргентина признава дека нема баш добро искуство од дуелите со Лео.
– Немам баш добри спомени од него, не знам како да го сопрам. Никогаш не успеав да го сопрам во меѓусебните дуели. Имавме многу пресметки и само еден соиграч од Реал повремено успеваше да му парира. Касемиро беше добро оружје за сопирање на Меси, но тоа не успеваше секогаш. Мора да излеземе на теренот со максимална почит кон него, но истовремено да мислиме на самите себе и на нашиот пристап кон мечот, – изјави Валверде.
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари