Поврзете се со нас

Шпанија

Валверде: Не сме навикнати да бидеме во ваква ситуација

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид важи за тим кој својата форма секогаш ја темпирал преку Лигата на шампиони, па во сезони кога не брилјирал во домашното првенство, на крајот знаел да заврши со трофејот од Европа во своите витрини.

За разлика од стандардите на кои не навикна низ децениите, Реал оваа сезона е во доста незгодна положба во премиерната сезона со нов формат во Лигата на шампиони, па во пресрет на дуелот со Аталанта е на 24-то место на табелата, последното кое носи место во баражот.

Реал е во ситуација да брка победи на завршните три меча во групната фаза и не смее да размислува на нови неуспеси, па Феде Валверде призна дека никој во тимот не е навикнат на оваа ситуација.

– Малку е непријатно за нас, јасно е дека не сме навикнати да бидеме во ваква ситуација, не сме навикнати на вакви моменти. Секогаш сме најгоре во Лигата на шампиони, но сега мора да останеме мирни. Ова е дел од фудбалот, дел од процесот и мора да веруваме во тоа што го правиме.

– Можеме да го промениме ова само на еден начин, давајќи го максимумот на теренот. Да покажеме што работевме за натпреварот со Аталанта, мора да бидеме организирани во одбрана и ефикасни во напад. Знаеме дека Аталанта знае да игра човек на човек, но од тоа може и да профитираме со оглед на брзите играчи кои ги имаме во тимот, – вели Валверде, кој призна дека не можел да спие по грешката која ја направил минатата недела против Атлетик Билбао на „Сан Мамес“.

– На „Сан Мамес“ ми се случи нешто што ми се нема случено во кариерата. Ми беше тешко да спијам таа вечер и наредните неколку. Сепак, тоа е дел од фудбалот, мора да продолжите напред и да покажете дека можете да бидете пример за останатите и во такви ситуации. Како еден од капитените, мора да го пребродам тоа и да дадам пример за останатите, – потенцира Уругваецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни