Валверде: Наполи е многу опасен тим

ernesto-valverde

Екипата на Барселона успешно и на првото место ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите, но допрва следуваат вистинските предизвици на патот до европските трон, а првата пречка кон тоа е Наполи.

Калчолигашот е противникот на каталонците во осминафиналната фаза на елитното натпреварување, противник кој година остана непоразен на двете пресметки против актуелниот европски шампион Ливерпул, па тренерот Ернесто Валверде е свесен дека ги очекува навистина интересен и голм тест против многу квалитетен тим.

-Наполи е многу опасен тим. Да, тие не минуваат низ најдобрите моменти, имаа промена на тренерот и ќе треба малку да се прилагодат. Ќе видиме како се и како ќе влезат во февруари, но без сомнеж, ќе мора да се подготвиме за двомечот навистина добро. Ќе биде силна атмосфера, со голем стадион, еден од оние каде што навивачите се многу блиски. Но, тоа е добро. Во таа смисла, навикнати сме да играме пред атмосфери од ваков вид и убаво ќе биде да доживееме сè воопшто околу Неапол како град, -истакна Валверде.

Facebook Коментари