Поврзете се со нас

Шпанија

Валверде најави што ќе промени на себе ако Реал освои нова титула во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Федерико Валверде сериозно напредуваше во изминатите неколку години и многумина гледаат на него како иден лидер на Реал Мадрид, а тоа го нагласи и самиот Тони Крос во моментите кога објави дека се повлекува на крајот од сезоната.

Германецот смета дека Феде може да биде негов природен наследник во средниот ред, но пред да дојде време да се мисли на такво нешто, сите во Реал се насочени само кон она што следи оваа сабота.

Реал Мадрид повторно е дел од големото финале и Валверде ќе се обиде да стигне до вториот трофеј во Европа, а во најавата за големиот меч со Борусија, испорача и едно ветување во ситуација тој и соиграчите да ја оправдаат фаворитската улога.

– Ако ја освоиме 15-та титула во ЛШ за клубот, ќе се обојам бел, ќе си ја направам косата бела. Нема да се избричам, така изледам навистина грдо, – изјави Валверде и додаде.

– Очекувам да уживам во финалето и на крајот дад победиме. Ќе има доста нерви пред да почне мечот, финалето во ЛШ е поразличен од било кој друг меч во светот. Кога играте таков натпревар, знаете дека има многу ваши блиски на трибините и тоа ја прави атмосферата уште поспецијална, – вели Феде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни